Во текот на снимањето на една емисија на MSNBC со извршниот директор на Google, Сундар Пичаи и извршниот директор на YouTube, Сузан Војчицки, водителите се осврнаа на темата на вештачката интелигенција со исечок од интелигентниот компјутер ХАЛ од филмот 2001: Одисеја во вселената, и го поставија прашањето кое во моментов им е многу актуелно: Треба ли луѓето во 2018 година да се плашат дека вештачката интелигенција ќе излезе од контрола и да ги загрози работните места, па дури и самото човештво?
Пичаи во воведот на својот одговор весело истакна дека луѓето веќе ја користат вештачка интелигенција секој ден при користење на преведувачки алатки како Google Translate, или пребарување на фотографии со помош на сервисот Google Photos. Но, потоа сериозно изјави: “Вештачката интелигенција е една од најважните работи на која работи човештвото”. Таа ќе има поголемо влијание од електрична енергија или огнот“.
“Нормално треба да бидеме загрижени за вештачката интелигенција“, додава тој. “Не треба само да бидеме оптимисти кога станува збор за тоа. Ние треба да бидеме и претпазливи“. Но, тој исто така тврди дека откажувањето од она што ќе ја обликува иднината на технологијата не е опција за американските компании. “Историјата ни покажува дека земјите кои се повлекуваат не успеваат добро да се носат со промените. Морате да ги искористите промените. “
Иако и Пичаи и Војчицки спремно признале дека загриженоста за вештачката интелигенција е легитимна, Војчицки додава дека колку луѓето повеќе знаат за технологијата, толку е помала веројатноста тие да се плашат. “Јас лично не се плашам, само да се знае”, објасни таа, “… и мислам дека тоа е затоа што подобро го разбирам она што претставува вештачката интелигенција“.