Маркетинг365 во соработка со Press Clipping продолжува со серијата статистички анализи на определени групи бизниси.
Денеска ја објавуваме статистичката анализа за присутноста на “Маркетитите“ во медиумите за минатиот месец (период 13.11.2013-13.12.2013).
За “Маркетите“ во обработуваниот период се објавени вкупно 131 информација, од кои дури 102 на интернет, 22 информации во весниците, 1 на радио и 6 на ТВ.
Број на интернет објави по Брендови на Маркети
На интернет најмногу (дури 42 пати) се пишувало за Рамстор, потоа следува Веро (21 пат), Тинекс (11) и Скопски Пазар (4 пати). За Керфур и КАМ имало по една информација а за Тедико – ниту една !
Број на ТВ&Радио објави по Брендови на Маркети
Во однос на ТВ&Радио објавите, повторно Рамстор е маркетот кој бил најприсутен со 3 објави, следува Тинекс со две, додека исто така имало и две информации кои проструиле а во кои се информирало општо за маркетите без да се споменуваат имиња.
Број на објави во Весници по Брендови на Маркети
Во весниците најмногу се пишувало за Рамстор, потоа имало и статии каде се споменуваат и Тинекс, Веро и Скопски Пазар.
Број на ТВ&Радио објави по Брендови на Маркети одделно по медиуми
Од Анализата на тоа кои ТВ&Радио медиуми објавувале информации за кои Маркети, може да се забележи дека Сител ТВ објавил по една вест за Рамстор и Тинекс и една општа за сите маркети. Алфа објавила една вест само за Тинекс а Канал 5 една вест само за Рамстор.
Број на објави во весници по Брендови на Маркети одделно по медиуми
Кај весниците, воочливо е дека Нова Македонија и Вечер објавувале најмногу за оваа група бизниси. Нова Македонија четири пати пишувала општо за групата а една вест објавила за Скопски Пазар. Вечер четири пати пишувал за Рамстор, еднаш за Тинекс и еднаш општо, додека во Утрински Весник биле пренесени 1 информација за Веро и 2 општо за групата.
Извор на информации – PressClipping, Статистичка анализа за Маркети