Во однос на органскиот досег, инфлуенсерите имаат подобар ранг од брендовите во newsfeed-от, а намалувањето на важноста на вестите во ова рангирање, исто така, ќе биде од корист за нив
Промените во алгоритмот на Фејсбук кои предизвикаа паника помеѓу издавачите може да биде добра вест за одредена група во рамките на огласувачката индустрија: инфлуенсерите и нивните следбеници, пишува DigiDay.
Како што пишува овај магазин, одлуката на Фејсбук да ја фаворизира содржината пријателите и семејството, наместо на постовите на издавачите, ги наведе агенциите да ги поттикнат своите клиенти повеќе да се фокусираат на содржината на инфлуенсерите.
“Во определувањето на приоритетите, Фејсбук им дава можност на брендовите да се фокусираат на инфлуенсерите, кои одржуваат автентични односи со својата публика“, вели Кори Мартин, директор на за инфлуенсер маркетинг во агенцијата 360i.
Тој вели дека сака да верува во објаснувањето на Фејсбук на овие промени – дека сака да се исчисти нередот и да се намали влијанието на лажни вести. Фејсбук, исто така, им порачува на агенциите дека нема да забележат големи промени кога станува збор за досегот на платените постови, иако е очигледно дека цената на рекламите може да се зголеми.
Марко Хансел, извршен директор на компанијата Speakr, вели дека неговата компанија утврдила дека содржината на инфлуенсерите има меѓу пет и десет пати подобри ефекти во однос на ангажманот кога ќе ја објави инфлуенсер, наместо бренд. Со самото тоа, доколку Фејсбук ги отстрани брендовите од feed-от, истовремено се зголемува ангажманот помеѓу корисничките профили со органски досег.
Растот на содржината на инфлуенсерите, исто така, може да биде одличен за Фејсбук, кој веќе долго време ги повикува брендовите и агенциите да креираат платени стратегии за инфлуенсер содржини. На овој начин, Фејсбук може да заработи повеќе, истовремено собирајќи пофалби заради “прочистување на содржините“.
Во однос на органскиот досег, инфлуенсрите имаат подобар ранг од брендовите на newsfeed-от, а намалувањето на важноста на вестите во ова рангирање, исто така, ќе биде од корист за нив . Се очекува дека новиот алгоритам главно ќе ги казни clickbait постовите, што значи дека брендови треба да создаваат смислена и „автентична“ содржина, што создава голем простор за партнерства со инфлуенсерите.