(РЕГИОН) – Publicis One во Бугарија во своето портфолио ја додаде и креативната агенција Red Lion, чија основна дејност ќе биде развој на комуникациски решенија, аудио-визуелни производи и дизајн. Новиот “бренд“ ќе го предводи Георги Пергелов, долгогодишен менаџер на компанијата, а на тимот ќе им се придружат и специјалисти од агенцијата за рекламни продукти Happy End.
Години наназад Red Lion е дел од меѓународната група на Publicis, а сега за првпат брендот влегува во групацијата и на бугарскиот пазар со цел да се прошири понудата на креативни услуги. Новиот тим ќе продолжи да работи со досегашните клиенти на Happy End, но истовремено ќе учествува и на тендери за привлекување на нови рекламни проекти. Акцент ќе биде работата на краткорочни, брзи и ефективни решенија за промотивни производи.
Во 2016 година, компанијата започна процес на реструктуирање кој вклучуваше поделба на агенциите во комуникациската група во посебни кластери според нивната активност. Новата форма на работа на Publicis One овозможува споделување на експертиза помеѓу различни единици според потребите на нивните клиенти.
Red Lion станува дел од групата креативни агенции во групата, која ги вклучува и Saatchi&Saatchi, Publicis Sofia, Leo Burnett и BrandWorks.