Ѕвездата на кантри музиката Реба Мекентер е првата жена во улога на Полковникот Сандерс
Фановите на кантри музиката може веднаш да го препознаат гласот на првата жена во улога на КФЦ полковникот Сандерс, но на другите можеби ќе им треба неколку секунди пред да се откријат кој е облечен во извонредното бело одело во оваа реклама.
“Јас сум полковник Сандерс“, пее Реба Мекентер, преправена како маж, на самиот почеток на оваа реклама. “Исто како и секогаш, апсолутно ништо не се променило“.
Преправена со помош на перика, лажна брада, очила и светкаво бело одело, Мекентри изгледа речиси идентично со претходните 9 машки ѕвезди кои се нашле во оваа улога. Покрај тоа што е прва жена, таа е и првата музичка ѕвезда што настапила во оваа улога, која започна со Дарел Хамонд во мај 2015 година. Нејзината реклама, која ја направи агенцијата Wieden & Kennedy Портланд, е исто така прва за овај бренд.
“Јас пораснав со храната на KFC “, изјави Мекентри. “Тоа е дел од мојата животна приказна, и сум толку возбудена што сега и јас сум дел од нив. Имав многу улоги во мојот живот – како и самиот полковник – но оваа е секако најуникатна досега. “