Најбогатиот човек на светот во реклама на Амазон на за претстојниот Супер Боул
Амазон и оваа година ќе биде дел од Супер Боулот со реклама од минута и половина која ќе биде прикажана во текот на последната четвртина на натпреварот, а технолошкиот гигант засега го објави само полуминутниот тизер за својата реклама.
Основното прашање во рекламата е што би се случило кога виртуелниот гласовен асистент Алекса на Амазон ќе го изгуби гласот, а куриозитет на спотот е тоа што главната улога во него ја игра извршниот директор на компанијата и моментално најбогатиот човек на светот, Џеф Безос.
Рекламата ја изработија креативната агенција Lucky Generals и интерниот креативен тим D1 на Амазон.