Канадската авио компанија WestJet им приреди супер изненадување на своите патници веднаш после слетувањето на еден од аеродромите зачинувајќи ја претпразничната еуфорија со многу, многу магија !
Најпрво за време на чекирањето на билетите пред полетувањето на авионот се појавил еден анимиран Дедо Мраз кој ги прашувал патниците што би сакале да добијат за Божиќ и Нова Година…
Откако ги слушнале желбите на своите патници, тимот на WestJet се мобилизирал да ги обезбеди сите желби на патниците и истите да ги достави на аеродромот каде патниците слетуваат.
По слетувањето на авионот, патниците чекајќи го својот багаж биле изненадени со подароци на кои што стоело нивното име и кои биле исти со нивните претходни посакувани желби при чекирањето.
Дедо Мраз постои ! WestJet докажаа ! :)
Погледнете како изгледало сето тоа: