Тојота е единствен бренд кој досега подеднакво инвестираше во спонзорство и за Параолимписките и за Олимписките игри
Тојота во Холандија ја започна својата глобална олимписка кампања “Започни го невозможното” со емотивен спот кој го изработи агенција Etcetera од Амстердам. Ѕвезда во новиот спот е параолимпиецот Крис Вос, 19-годишен шампион во сноубординг. Оваа телевизиска реклама раскажува вистинска приказна за успехот на младиот спортист да ги надмине несовршеностите и физичките ограничувања, за да го заземе своето место на патеките на Параолимписките игри во Пјонгчанг.
Тојота е првиот автомобилски бренд кој ги спонзорира Олимписките и Параолимписките игри ширум светот и е првиот бренд кој посветува подеднакво внимание и спонзорство за овие два спортски настани, не правејќи никакви разлики помеѓу нив. Ова спонзорство, кое се планира да трае до 2024 година, ја отсликува длабоката преданост на брендот на идејата “Мобилност за сите”, што подразбира дека сите луѓе мора слободно да се движат, без ограничувања. Исто така, ја одразува желбата на Тојота да создаде општество без пречки и со тоа ја зајакнува вредноста на брендот.
Покрај со Крис Вос, Тојота лансираше уште една телевизиска реклама, во која ѕвезда е најуспешната холандска олимпијка во историјата, лизгачката Ирене Вуст, чие “неможно” не е да стане најдобра, туку да остане најдобра во својата визија дека и оваа година, на нејзините четврти Олимписки игри, повторно ќе донесе злато.