Како место од кое се родиле авангардните идеи на Казимир Малевич и Марк Шагал, па дури и го содржи зборот “бело” во своето име, Белорусија е татковината на интернационалниот фестивал за адвертајзинг WHITE SQUARE – еден од водечките креативни фестивали во Источна Европа на кој годишно учествуваат преку 700 делегати од 30 држави низ светот со преку 1000 креативни кампањи.
Високото ниво на фестивалска организација, жири-тимот, кампањите и наградите било многупати препознаено и од најсветлите претставници на професионалната заедници, вклучувајќи го и глобалното креативно рангирање The Gunn Report.
Промовирајќи креативни решенија ширум светот, WHITE SQURE е вклучен и во новиот глобален креативен ранкинг AdForum Business Creative Report, кој ќе им помогне на “играчите” од адвертајзинг пазарот од целиот свет да ги следат најдобрите агенции и најдобрите кампањи во секторот на услуги.
Помеѓу 19 и 21 април во Минск, Белорусија, WHITE SQUARE ќе ја прослави својата десетгодишнина. Повикот за пријавување на кампањи е отворен на официјалниот веб сајт adfest.by под слоганот CAUSE WE CAN, поканувајќи ги сите комуникациски, маркетинг, брендинг и дигитал агенции од светот да ја покажат својата креативност. Кампањите се делат во 6 категории кои се состојат од 17 номинации. Пријавените кампањи ќе идат жирирани офлајн од страна на 5 интернационални тимови составени од препознати лидери на европската комуникациска индустрија.
Early bird влезниците се достапни со попуст до 28 февруари.
WHITE SQUARE фестивалот е организиран од страна на Здружението на комуникациски и маркетинг агенции на Белорусија ACMA, член на EACA Националниот совет на асоцијации.