Тинејџерите се` повеќе ја напуштаат социјалната мрежа на Марк Цукерберг, додека се` повеќе има корисници постари од 55 години
Се проценува дека Фејсбук во Велика Британија оваа година ќе има 2.2 милиони редовни корисници на возраст помеѓу 12 и 17, 4,5 милиони корисници помеѓу 18 и 24 години, што значи дека бројот на корисници се намалува за 700.000 во споредба со претходната година.
На помладата популација пред неколку години им стана поинтересен Инстаграм, кој Фејсбук го купи во 2002 година, но сега се повеќе од нив го избираат Снепчет.
Во изминатите три години, Снепчет двојно ги зголеми резултатите и се постави на листата од најпопуларните апликации.
Оваа година на Фејсбук се очекуваат 500.000 нови корисници над 55 години во Велика Британија, што значи дека што значи бројката на членови од оваа возрасна група ќе достигне речиси 6,5 милиони.
Најмногу корисници има помеѓу 25 и 34 години, 7,2 милиони во Велика Британија.