McCann за MasterCard направи многу интересна демонстрација на моќта на музиката не само за да се поттикнат емоции, туку и да се споделат
MasterCard и McCann Лондон претставија реклама со емотивна интерпретација, со која сакаа да ја покажат моќта на музиката да ги обликува и “лечи” односите меѓу луѓето на еден многу интересен начин, во форма на социјален експеримент.
Во новата реклама, насловена како “Start Something Priceless” (Започни нешто непроценливо), прво се среќаваме со шест луѓе со вистински проблеми во нивните односи. Тие потоа влегуваат во посебно преградена стаклена коцка, во која седат еден наспроти друг и слушаат музика, што посебно за оваа пригода ја компонираше музичкиот продуцент за Олимписките игри во 2012 година, Дејвид Арнолд. Како музиката добива на сила, така емоциите на луѓето стануваат посилни, додека конечно не се поттикне силен, трансформативен емоционален импулс кој паровите ги наведува да ги преиспитаат своите проблеми и да го направи првиот чекор кон подобрување на нивниот однос.
Чад Ворнер, креативен директор во McCann Лондон, изјави: “Нашата цел беше да им дадеме на овие односи можност за целосно нов почеток. Да ги отстраниме сите пречки кои стојат на патот – гордоста, историјата, дури и зборовите – и да пуштиме музиката да ја направи својата магија. Ја сакам едноставноста во тоа што само двајца луѓе седат во соба, без одвлекување внимание и тивко се борат за нешто. Секој од нив во неговиот сигурен простор, но сепак во прилично непријатна позиција, бидејќи истовремено се соочуваат со едни со други. “