Исто како и со било кој друг однос, огласувачите и агенции треба да го култивираат и негуваат својот однос. Новото истражување на компанијата Provoke Insights покажува дека, иако трошоците се најголем фактор, неколку потенцијални проблеми може да резултираат во лош однос меѓу агенцијата и огласувачите, вклучувајќи ја и ажурноста на агенцијата во одговорањето и пристапот до истражувањата.
„Питчевите во огласувањето се поконкурентни од кога и да е, а повеќе од две третини од компаниите ги спроведуваат некои или сите свои маркетинг активности внатре во компанијата”, вели Карли Финк, директор и раководител за стратегијата и истражување во компанијата Provoke Insights. “Резултатите од истражувањето го покажуваат мислењето на овие in-house огласувачи за тоа каде агенциите успеваат или потфрлуваат и ги нагласуваат областите во кои агенциите можат да се подобрат”.
извор: Adweek