Германскиот малопродажен ланец Лидл, потпиша четиригодишен договор со британска компанија специјализирана за 3D визуелизации и за зголемена реалност.
Во својот план за експанзија, тимот за развој на Лидл во Велика Британија планира блиска соработка со студиото за анимации „Virtual resolution”, кое ќе му помогне на тимот на Лидл да развие 3Д визуелизации, како и со компанија „CGI”, која ќе помогне во областите како ангажирање на јавноста и планирање на процесот.
Лидл и претходно соработуваше со компании од информатичката технологија, кои работеа на дрон-фотографирање и изработка на фото монтажи.
Зголемена реалност е технологија што го дополнува физичкиот свет со компјутерски генерирани слики, достапни преку мобилни или преку друг вид уреди поврзани со интернет.
Последниот пример на поврзувањето на Лидл со ИТ, беше услугата со која на своите купувачи им нуди совети за комбинирање храна и вино преку „Фејсбук месинџер”, за што беа ангажирани професионални сомелиери.