Меѓународната унија за заштита на природата (IUCN) и брендот Lacoste, во соработка со агенцијата BETC Парис, склучија тригодишно партнерство кое ќе стартува со кампања насловена како “Да ги спасиме загрозените видови“ (“Save Our Species”) .
Целта на кампањата е да се подигне свеста за видовите кои се во изумирање и во таа насока брендот Lacoste се обврза да направи лимитирана серија на поло маици во која својот легендарен крокодил ќе го замени со лого кое ќе претставува некој од загрозените видови.
Секоја серија на маици со некое од 10-те видови на животни, ќе биде во лимитиран број, онолку примероци колку што се останати животни од тој вид.
Новите дизајни беа презентирани за време на модниот викенд во Париз и ќе може да се разгледаат (и купат) од микро сајтот на ОВОЈ ЛИНК.