Компанијата Фејсбук објави дека ќе го прошири делот за огласите на работни места на својата социјална мрежа, бидејќи одлучи да влезе во трка со LinkedIn на Мајкрософт.
Оваа услуга беше достапна за корисниците во Канада и САД. Меѓутоа, сега ќе се појави и надвор од границите на северноамериканскиот континент.
Алатката сега ќе биде достапна за корисниците во 40 земји, според соопштението на Фејсбук.
Компанијата, исто така, ги објави плановите за инвестирање на 1 милијарда долари во тимови, технологија и нова програма оваа година.
Повеќе на следниов ЛИНК.