Започнува новата сервисна акција „Врати му со љубов на твојот Форд“ по повод Денот на жената
Денес, 8-ми март, Форд ја започнува својата нова сервисна акција наречена „Врати му со љубов на твојот Форд“.
Користејќи го токму Меѓународниот ден на жената како повод, Форд одлучи оваа акција да ја започне на интересен и симболичен начин, изненадувајќи ги сопствениците на Форд возило во главниот град.
Имено, по паркинзите низ Скопје беа забележани црвени балони со хелиум прикачени на возилата од марката Форд, како и рекламен материјал со подетални информации за оваа сервисна акција. Од Форд велат дека на овој начин сакаат да го одбележат Денот на жената, но и да подарат позитивна енергија и љубов на сите Форд сопственици.
Инаку, новата сервисна акција „Врати му со љубов на твојот Форд“ подразбира промотивни цени за редовен сервис, ламела сет со друк. лагер и оригинални Форд амортизери, а во сите цени е вклучена и работната рака.