Глобалниот извршен директор на Publicis One, г-дин Јарек Зиебински во своето соопштение до медиумите информира за новата суб-регионална структура и раководни тимови за средна и источна Европа (SIE) која се состои од средишните, источни и југоисточни региони.Со новите промени, Турција станува самостоен пазар.
Г-дин Андонис Пасас, досегашен CEO на Publicis One Грција, е именуван за нов регионален директор за југоисточна европа каде порај Грција, ќе има надлежности и за Македонија, Романија, Бугарија, Србија, Хрватска, Словенија и Бугарија.
Пасас доаѓа на местото на Миша Лукиќ кој досега ја извршуваше оваа функција и кој одлучи да го напушти системот на Публицис после речиси две децении и да се посвети кон нови професионални предизвици.
На чело на останатите региони ќе бидат: Томаш Варга за CEO за Средна Европа (Чешка, Словачка и Унгарија), Олег Попенко, CEO за Источна Европа (Украина, Латвија, Литванија, Естонија и Казахзтан) и Инанк Дедебас кој останува CEO за Publicis One Турција.
Зборувајќи за субрегионалната структура, Зиебински кажа: “Од почетокот на Publicis One моделот сакаме да го оптимизираме нашето работење во средна и источна Европа со креирање на кластери од пазари каде ќе можеме да поврземе ресурси и таленти во повеќе земји, а се со цел обезбедување поголема вредност за нашите клиенти. Во фрагментиран регион како што е Средна и Источна Европа, овај модел ни овозможува да одржимо големо ниво на стручност кон предизвиците на малите пазари кафе обемот може да претставува проблем. Сега тргнуваме во следната фаза од нашата трансформација на Publicis One, кон именување на субрегионални челници што ќе ни овозможи да одеме подлабоко во процесот за изградување на нашиот бизнис модел“