Социјалната мрежа Снепчет објави реклама за играта „Would You Rather?“, во која ги прашува корисниците на апликацијата дали би ѝ удриле шлаканица на Ријана или би му удриле бокс на Крис Браун. Шокантната реклама испровоцира многу негативни коментари со оглед на фактот што Ријана беше брутално физички нападната од Крис Браун во 2009 година додека беа во врска.
Иако Снепчет се извини што таквата реклама била одобрена, славната пејачка гласно го осуди скандалот, потсетувајќи дека на овој начин се исмева семејното насилство.
„Snapchat јасно ми е дека веќе знаете дека не сте ми омилена апликација! Само се обидувам да разберам која беше поентата на сиот овој хаос! Би сакала да кажам дека се работи за незнаење, но знам дека не сте толку глупави! Трошите пари за да правите забава од нешто што намерно би предизвикало срам кај жртвите на семејно насилство и се шегувате со тоа!!! Ова не е поради моите лични чувства, зашто немам многу такви… но од сите жени, деца и мажи кои биле жртви на семејно насилство во минатото и оние кои сè уште не се осудиле да го споделат тоа… нè разочаравте. Засрамете се!“ напиша Ријана, по што вредноста на акциите на Снепчет падна за четири отсто.
Компанијата подоцна соопшти дека рекламата никогаш не требало да се појави на мрежата. “Се извинуваме за оваа ужасна грешка и истражуваме како дошло до неа“, изјави портпаролот на Снепчет.