Некои од корисниците најпопуларната социјална мрежа не можеа да веруваат какви вулгарна и сексистички видеа (кои граничат и со педофилија) им беа предложени од страна на Фејсбук во пребарувачот
Дел од корисниците на Фејсбук, кои пред два дена пребаруваа видео записи беа шокирани кога видоа кои видеа оваа социјална мрежа им ги предлага во пребарувачот. Кога корисниците пребаруваат други корисници, групи или видео клипови, Фејсбук сам им предлага некои од најпопуларните видеа или оние за кои алгоритмот смета дека би можеле да ги интересираат корисниците, а пред два дена, на некои корисници им се предложени бизарни и вулгарен видеа со сексуална содржина, од кои некои дури и се граничат со педофилија.
Да се потсетиме, оваа компанија неодамна се најде на удар на јавноста, поради анкетите во врска со педофилија, која се прикажувала на некои корисници – едно од прашањата во анкетата беше за тоа како луѓето би реагирале, доколку би имале можност за поставување на правила на Фејсбук, во приватните пораки во кои мажи бараат од 14-годишни девојки да испратат секси фотографии.
Check out what top search results were in Facebook for “video of” pic.twitter.com/byXSqUYqom
— BbooBeep (@hoss_boss1) March 16, 2018
Во тој случај, како и во овај нов случај во кој на корисниците им се предложени видео записи со бизарни сексуални содржини, од компанијата на Цукерберг мораа да се извинат и најавија дека ќе испитаат што го предизвикал овој проблем. Тие истакнуваат дека таквите предлози во пребарувањето не мора да се однесуваат на самите содржини од Фејсбук, туку тие се појавуваат врз основа на информациите кои корисниците ги пребаруваат на оваа мрежа.
Предлозите со вакви вулгарни видеа се појавувале неколку часа, а после тоа корисниците на оваа мрежа преку Твитер коментираа дека “алгоритамот на Фејсбук полудел”, бидејќи уште некое време се прикажувале чудни предлози при пребарување на содржината.