Во горниот дел на екранот при пребарување, Google ќе прикажува вести од сајтови на кои корисниците плаќаат преплата, а компанијата со издавачите ќе споделува информации за историјата на пребарувањето.
Големите издавачи, како што се Вострит Журнал, Њујорк тајмс, Вашингтон пост и други се` потешко се финансираат од приходи од рекламирање, па се фокусираат на зголемување на бројот на претплатници со цел да ги зголемат приходите.
Според некои проценки, Њујорк Тајмс ќе се издава во пе;атено издание уште само десетина години, a потоа сите содржини ќе бидат достапни само во дигитална форма и (големите) издавачки куќи веќе треба да работат на тоа со текот на времето, бројот на дигитални претплати да биде поголем од продажбата на печатени примероци.
Дел од издавачите веќе некое време вршат притисок врз Гугл и Фејсбук и бараат да развијат алатки кои ќе им помогнат во привлекување на нови претплатници и на тој начин овие платформи, на кои во текот на годините се ширеа лажни вести, би придонеле за “новинарство на кое може да му се верува” .