При крајот на 2017 година автомобилскиот сектор беше воодушевен со најавата на лансирањето на првиот Pick up Truck на Mercedes Benz. Германската маркетинг агенција Luкas Lindemann Rosinski (LLR) ја имаше задачата да ја креира воведната реклама на првиот концепт на Pick up автомобил на Mercedes Benz наречен Mercedes X Class. Централната тема во оваа реклама е ‘’Beauty of Toughness’’ но истовремено фокусот се држи на убавината на автомобилот и неговата моќ.
https://www.youtube.com/watch?v=Be6FLU1ny9E
Спојувањето на два света е со цел да се направи парче на реклама ‘’bigger than life’’.
Слоганот ‘’First of its new kind’’ се користи со цел да се допре и отвори сосема нов сегмент на пазарот. Она што е карактеристично за овој Pick up Truck e тоа дека има ‘’versatile brand positioning’’ : Pick up Truck (off road needs) и Lifestyle Truck (on road needs). Затоа во самата реклама се користат различни сцени со различни возачи и следбеници. Секоја сцена го изразува едно од двете позиционирања и со тоа самото позиционирање се адаптира истовремено на различните пазари на глобално ниво. Целта на следбениците (чудовишта, диви животни, модели, неидентификувани летечки објекти) не е само да го фатат Pick up автомобилот туку да се сретнат со него бидејќи и тие се први од нивниот вид (first of its kind).
Таргет групата за овој Pick up Truck се урбани и trendy и оди од помлади кон постари, од мажи кон жени па се до модели. Сите тие се вметнати во самата реклама.
Во самата реклама новиот Pick up Truck си ги креира сам неговите асоцијации и на крајот е подржан со Strong Endorsment Strategy со цел да биде поврзан со Mercedes Benz.