Vip со гордост ја објавува најновата, атрактивна промоција во мобилната пост пејд телефонија со која корисниците покрај можноста за неограничена комуникација добиваат и промотивен пакет од дополнителни 100 GB, интернет кој го активираат еднаш, а може да го користат до крајот на годината, a со тоа добиваат и можност за непречено сурфање и по искористувањето на месечниот интернет сообраќај вклучен во тарифен модел.
Оваа атрактивна промоција корисниците можат да ја добијат доколку изберат еден од новите тарифни модели од Vip Neo тарифното портфолио, кои соодветствуваат на нивните побарувања и комуникациски потреби.
Со комбинација на новите Vip Neo мобилни тарифи со новите Vip Combo Neo фиксни тарифни пакети, корисниците добиваат комплетно решение за својот дом. Vip Combo Neo тарифните пакети овозможуваат телевизија на различни локации со Vip Now, кристално јасна слика со голем број на HD-телевизиски канали и богата филмска содржина, интернет со брзини до 100Mbps, бесплатна фиксна линија со неограничени разговори кон сите национални фиксни мрежи и до 3 мобилни линии со дополнителен попуст на претплатата.
“Денеска ја потврдуваме нашата заложба да креираме и нудиме производи и услуги што носат уште повеќе вредност за нашите корисници. Живееме во дигитална ера во која потребата за што повеќе интернет е се поприсутна. Новата промоција со која корисниците добиваат дополнителни 100GB мобилен интернет е одговор на токму таа потреба за неограничена и безгрижна комуникација. Со ова Vip обезбедува врвно корисничко искуство и дополнителна вредност на нашите производи што оваа понуда ја прави единствена на пазарот, изјави Мислав Галер, извршен директор на Vip.
Дополнителните 100GB мобилен интернет се достапни за сите корисници кои ќе ги изберат тарифните модели Vip Neo M или Vip Neo L и истите ќе може да се користат до крајот на декември 2018 година. Со Vip Neo М корисниците добиваат неограничени разговори и SMS пораки кон сите национални мрежи како и 5GB интернет со 4G брзина. Vip Neo L содржи неограничени разговори и SMS пораки кон сите национални мрежи, 10GB интернет со 4G брзина и 50 минути меѓународни разговори.