Брендот исто така е критикуван за намерно користење на контроверзни теми за да ја предизвика јавноста
Брендот Хајнекен беше принуден да се извини и да ги повлече својата ТВ реклама “Lighter is Better” во САД, откако се соочи со бројни критики на социјалните мрежи, каде што нивната нова кампања е карактеризирана како “ужасно расистичка”.
Најгласен во негативните реакции бил познатиот пејач Chance the Rapper, кој ја опиша рекламата како ужасно расистичка, и на неговиот твитер профил го обвини Хајнекен за намерно користење на контроверзни теми заради привлекување на вниманието на јавноста и поголема гледаност.
Во центарот на полуминутниот спот е промовирање на Хајнекен светло пиво, кое шанкерот го турка низ шанкот за да стигне до една девојка во барот. Додека пивото се лизга низ шанкот, тоа поминува покрај неколку гости со црна кожа пред да стигне до бела девојка, каде видеото завршува со пораката: “Понекогаш, посветло е подобро”
Во извинувањето, кое дојде по вниманието на медиумите и јавноста, Хајнекен изјави: “Со децении, Хајнекен развива разновиден маркетинг што покажува дека има многу повеќе работи што не обединуваат, отколку што нè раздвојуваат. Иако сметаме дека рекламата го претставува нашето пиво Heineken Light, направивме грешка и сериозно ги сфаќаме повратните информации кои ќе влијаат на нашите идни кампањи. “