Фејсбук е решен да го ограничи пристапот до податоци, по скандалот со нивната злоупотреба од страна на компанијата Кембриџ Аналитика.
Оваа социјална мрежа лансира специјална алатка за сертификација, која бара од огласувачите да се заложат за добивање дозвола од корисникот пред да ја користат нивната е-маил адреса за таргетирано рекламирање.
Од Фејсбук наведуваат дека алатката не е одговор на некој посебен инцидент. Оваа компанија има намера да го преиспита својот ангажман со надворешни партнери за анализа на податоци, за да осигура дека тие ги користат податоците на одговорен начин.
Освен ограничувањата кои се воведени за надворешни провајдери на податоци, неодамна беше воведен и поедноставен начин за управување и бришење податоци на телефоните.
Фејсбук сака корисниците да знаат што споделуваат и каде одат овие податоци. Овде главна ќе биде имплементацијата, како и начинот на кој оваа алатка ќе функционира.
Фејсбук одби да го објасни ова подетално.