Со оваа кампања брендот сака да ја промени дефиницијата со која за успех се смета само победата
Брендот за спортска облека Champion лансираше нова кампања наречена “Dare to be Champion“, која ги нагласува спортистите и креативни луѓе кои страсно работат на тоа своите интереси да ги подигнат на нови нивоа.
Новиот спот се фокусира на три инспиративни поединци, скејтерот Леандре од Лос Анџелес, танчерката Џаира од Лос Анџелес и уметникот Кејси од Њујорк, но она што е заедничко за сите нив е дека тие ја отелотворуваат визијата на Champion кој го слави животот, вештините и соништата на вистинските шампиони, се вели во соопштението на овај бренд.
„Dare to be Champion“ е најновата кампања која Champion ја изработи во соработка со нивната креативна агенција 360i, а како што велат од брендот главната цел им е да ја разбијат идејата дека успехот е дефиниран исклучиво како победа. Наместо тоа, тие покажуваат три лица чија напорна работа и талент ги тераат и понатаму да се трудат, дури и ако сеуште не ја пронашле славата, што веќе ги прави шампиони.
https://www.youtube.com/watch?time_continue=2&v=6UbFfndMvuU
Покрај користењето на видеото на социјалните медиуми Фејсбук, Инстаграм и Снепчет, каде што пред се` сакаат да допрат до младите, Champion исто така, ќе ги користи и каналите на самите ѕвезди на овај спот, како елемент на инфлуенсер маркетинг во кампањата.