На Деновите на комуникациите во Ровињ, Хрватска, агенцијата Bruketa & Žinić & Grey по десетти пат беше прогласена за Агенција на годината, прославувајќи и две Effie награди за маркетиншка ефективност и две MIXX награди за дигитален маркетинг.
Во прашање е агенција која во изминатата година стана еден од главните центри за дизајн и дигитален маркетинг во глобалната мрежа на Grey групацијата, откако во нив инвестираше најголемата светска групација а комуникациски услуги WPP. Агенцискиот дигитален тим доби и засилување со некои од најискусните луѓе во сферата на дигиталниот маркетинг во регионот. Во последните година дена, агенцијата реализираше преку стотина кампањи за огласувачи од Хрватска, како и за компании од Русија, Велика Британија, Казахстан, Унгарија, Турција и САД. Освои и респектабилни меѓународни признанија од D&AD и лондонскиот Design Week, како и домашната Zlatna kuna, а за нивните кампањи пишуваа и бројни меѓународни медиуми.
Во изминатите 20-тина години, од кога постои, агенцијата се развиваше од мало студио за дизајн, преку рекламна агенција до интеграција на дигитални канали, додека денес решенија за комуникациските проблеми бараат и во креирањето и рекреирањето на производи и услуги, производни и продажбени процеси и односи на брендот кон поширокиот општествен контекст.
Агенцијата Bruketa&Žinić&Grey и поврзаната агенција Brigada денес имаат скоро стотина вработени: архитекти, графички, UX и продукт дизајнери, бренд консултанти, стратешки и дигитални планери, PPC специјалисти, дигитални аналитичари, психолози, финансиски експерти, ПР експерти, продуценти, водители на проекти, менаџери за настани и e-commerce, копирајтери и креативни директори.
„Им благодариме на клиентите на довербата и на сите кои работат или работеле во агенцијата. Во изминатите 20 години имавме можност да работиме со некои од најамбициозните луѓе во земјата. Нивната амбиција нé мотивираше и инспирираше“ – изјавија Давор Брукета и Никола Жиниќ, креативни директори на агенцијата при доделувањето на наградата.