Гигантот на автомобилската индустрија сака да создаде низа регионални центри како дел од новата долгорочна маркетинг стратегија
Фолксваген започна глобална ревизија на своите креативни агенции за да обезбеди поголема конзистентност во комуникацијата низ целиот свет, објави маркетинг директорот на Фолксваген, Jochen Sengpiehl. Со тој потег тие имаат намера да изградат пет единици, кои ќе бидат составени од тимови во рамките на истата холдинг-компанија, но тоа не мора да значи дека целиот холдинг ќе биде покриен од сите пет регионални центри.
Овој потег ќе го консолидира овај акаунт во големи регионални центри, од каде би се покривале Европа, Кина, Северна Америка, Јужна Америка и остатокот од светот, но во секој регион, брендот планира да ја продолжи соработката со локалните агенции за одредени работи.
Иако седиштето на Фолксваген е во Волфсбург, Sengpiehl изјави дека одлуката за тоа каде ќе се наоѓа европскиот центар сеуште не е направена, а во игра се Лондон и “други поголеми градови.“
Во врска со причината за овој потег, Sengpiehl вели дека Фолксваген користеше “премногу” агенции и продукциски куќи во минатото и сака да го промени тоа.
“Сакаме да ја подобриме видливоста на нашиот бренд и нашата конзистентност”, изјави Sengpiehl. “Значи, ние се движиме кон создавање на централни кампањи, што значи, се разбира, соработувеме многу блиску со нашите европски пазари, но на крајот некој мора да ја донесе одлуката и да ги продуцира сите овие содржини. Во минатото имавме неколку видеа, неколку содржини, но сега имаме голема количина на содржини. Тоа е нешто што ниту еден пазар не може да си го дозволи”.
Се очекува дека глобалниот медиумски бизнис на Фолксваген, кој од 2016 година на глобално ниво го држи Omnicom PHD нема да биде предмет на ревизија, тврдат извори запознати со целата ситуација.