Nvidia, еден од најголемите светски производители за чипови за компјутери и мобилни телефони, на необичен и извонредно паметен начин го испромовира својот нов производ Tegra K1 кој носи огромна револуција во производството на компјутерски чипови овозможувајќи досега невидени перформанси на уредите кои ќе ги користат.
За некои можеби би било тешко да испромовираат олку значаен технолоши напредок во производството, ако притоа од својот CEO добијат задача тоа да го направат со ептем кус буџет, но тоа секако не може да се каже за дечките од NVIDIA маркетинг тимот.
Тие многу добро ја компонирале пораката “не е од овој свет :)“ кога сакаме да зборуваме за нешто вонсериско и многу над просекот.
Ако.. “не е од овој свет“, веројатно е “дело на вонземјани“, нели ? :)
Но не, оваа реклама поставена на огромно житно поле не е масло на вонземјани, туку на дечките од маркетинг тимот на NVIDIA кои доста “пластично“ покажаа колку голем и силен е производот што тие го спремиле.
Овој круг направен близу местото Chualar во Калифорнија кој претставува стилизирана реклама за компјутерски чип и бројот 192 алудирајки на 192 јадра кои новиот чип ги содржи, предизвика бура од реакции во САД и доби покривање од десетици влијателни медиуми.
Еве како CEO-то на NVIDIA го коментира сето ова на самата промоција :