Најголемата социјална мрежа во светот може да плати отштета од неколку милијарди американски долари ако судот ја прогласи за виновна врз основа на заедничката тужба поради технологија за препознавање на лица
По скандалот со компанијата Кембриџ Аналитика, Фејсбук се соочува со тужба во судот во Калифорнија заради технологијата на препознавање на лица. Во тужбата се наведува дека Фејсбук собирал биометриски податоци без изречна согласност од корисниците.
Спорна е функцијата на Фејсбук tag suggestions, која користи препознавање на лица за предлози на пријатели кои можете да ги означите на фотографија. Тужителите се повикуваат на законските одредби кои ги штитат од собирање на биометриски податоци, како што се отпечатоци од прсти, скенирање на очната рожница и препознавање на лицето.
Пресудата ќе ја отвори вратата за можни тужби на милиони корисници во Илиноис, потенцијално вредни милијарди долари. Во конкретната тужба се бара надомест на штета до пет илјади долари. Ако стане преседан, би можела да стане пример за слични тужби.
Од Фејсбук тврдат дека тужбата е неоснована и најавуваат жестока одбрана. Оспорената карактеристика беше исклучена во Европа во 2012 година, откако имаа проблеми во Ирска. Сега се обидуваат повторно да ја интегрираат со изрична дозвола од корисниците, пишува Business Insider.