Скорешната студија на истражувачката компанија Communicus, истражувајќи 1000 испитаници пред и после прикажувањето на SuperBowl рекламите во 2012 и 2013 година, покажала дека дури 80% од рекламите кои се прикажуваат на Super Bowl не водат кон зголемена продажба на производите кои ги промовираат.
Communicus, испитувајќи ги купувачките навики на испитаниците, односно што купувале во периодот и што планираат да купуваат (секако во категориите производи за кои одат рекламите) заклучиле дека иако мнозинството испитаници повеќе ги запаметуваат Super Bowl рекламите во споредба со тие што не одат на Super Bowl (44% спрема 32% за не-Супер Бол реклами) најчесто поради откачениот креативен пристап, тие (Super Bowl Ads) имаат значително помал бренд recall (квалитативна мерка што покажува колку бренд името се поврзува со категоријата или класата производи) во споредба со другите реклами кои не одат на Super Bowl.
Сето ова се објаснува со фактот дека рекламите што се прикажуваат на Super Bowl имаат поинаков креативен пристап и се со исклучиво забавен карактер, притоа само едно прикажување е недоволно за било што да се случи….односно,за да допринесат кон тоа што на брендовите во краен случај им е најважно >> зголемена продажба.
Со ова истражување, паѓаат во вода сите пренагласени тврдења за ефикасноста на рекламирањето на Super Bowl, но секако не очекуваме дека ова сознание ќе го намали нималку интересот на големите корпорации да се присутни во еден од најгледаните спортски настани на планетата.