Гумите за џвакање се многу популарни во светот и претставуваат “универзална забава”, но оставаат последици, бидејќи луѓето често по џвакањето ги фрлаат на улица. Сепак, во Холандија, една група на луѓе пронајде начин овај отпад да се искористи.
За да се намали количината на отпад и нечистотија, агенцијата Publicis, градската организација I Amsterdam, компанијата Explicit Wear и компанијата за одржливост под назив Gumdrop се здружија и дизајнираа и произведоа патики од рециклирани гуми за џвакање.
Патиките кои се наречени Gumshoe, се направени од соединенија кои може да се рециклираат, познати како Gum-Tec и кои се состојат од 20% од гуми за џвакање.
“Гумата за џвакање е направена од синтетички каучук, а со обработка добивме нов тип на гума”, изјави Ана Булус, директор и дизајнер на компанијата Gumdrop.
Околу 1,5 милиони килограми на гуми за џвакање годишно завршуваат на тротоарите на Амстердам, а чистењето на градските власти чини милиони евра. Во новиот проект се искористени килограм гуми за џвакање за да произведат четири пара патики.
https://www.youtube.com/watch?time_continue=2&v=f155BH2MErE
Рециклираната гума за производство на патиките се собира од амстердамските тротоари. Соединенијата Gum-Tec се формираат во гранули од кои се прават ѓоновите на патиките. На ѓонот се наоѓа и мапата на Амстердам.
“Се обидовме да најдеме начин да им укажеме на луѓето на овој проблем. Тогаш добивме идеја да произведеме нешто што ќе биде направено од нешто за кое никој не се грижи”, изјави портпаролот на проектот Џонатан Ван Лун.
Овој тип гума е поеднакво цврста како и обичната.
Проектот Gumshoe е првиот во светот кој произведе патики (ѓонови) од гуми за џвакање, додека горниот дел е произведен од кожа. Патиките чинат 190 евра, а продажбата започнува во јуни.