Социјалната мрежа Фејсбук работи на нова команда за бришење на историјата на пребарување, која на корисниците ќе им овозможи да ја избришат целата историја, изјави главниот извршен директор на компанијата, Марк Цукерберг.
Тој на својот профил на Фејсбук напиша дека планира дискусијата за воведувањето на новата команда да започне на годинашната F8 конференција.
Новата функција наречена „Clear History“ ќе биде слична на опцијата на веб-пребарувачите за корисниците да ја исчистат нивната историја и колачиња.
„Откако ќе го внесеме ова ажурирање, ќе можете да ги видите информациите за апликациите и веб-страниците со кои сте во интеракција и ќе можете да ги избришете сите овие информации од вашиот профил“, напиша Цукерберг на неговата официјална Фејсбук страница.
„Едно нешто што сфатив во текот на сведочењето пред Конгресот е дека немав доволно јасни одговори на одредени прашања за податоците“, додаде Цукерберг.
Today at our F8 conference I'm going to discuss a new privacy control we're building called "Clear History". In your…
Gepostet von Mark Zuckerberg am Dienstag, 1. Mai 2018