Дали спаѓате во групата на луѓе кои направиле LinkedIn профил пред неколку години и заборавиле дека го имаат? Ако е така, постои голема веројатност дека го ставивте вашиот личен бренд во потенцијално ризична ситуација, со оглед на тоа колку високо LinkedIn профилот обично се рангира на Google пребарувањето и другите интернет пребарувања. Без разлика дали ви се допаѓа или не, вашиот LinkedIn профил стана редовна ставка на потенцијални клиенти (или работодавци) во нивното онлајн пребарување, со цел да дознаат повеќе за тоа кој сте и што правите професионално. Поради оваа причина треба да имате добар профил. Што ќе најдат потенцијални клиенти или работодавци кога ќе дојдат на вашата страница на LinkedIn и која е тајната на успешниот LinkedIn профил?
Пред се`, осигурајте се да не ја направите истата грешка што многумина ја прават на LinkedIn, со тоа што имаат профил кој изгледа како виртуелно резиме. Повеќето профили на LinkedIn се формулирани на овој начин, зборуваат за тоа каде работеле, за наградите што ги освоиле и за позициите на кои работеле. Голем проблем со ова е тоа што вашите идеални клиенти, вашите идеални работодавци и вашите идеални купувачи можеби воопшто тоа не ги интересира. Наместо тоа, тие многу повеќе се свртени кон самите себе – грижејќи се за своите професионални проблеми. За да бидете навистина привлечни на LinkedIn, треба да креирате она што Џон Немо, основач и извршен директор на LinkedIn Riches, го нарекува “профил насочен кон клиентите.”
Наместо да биде насочен кон себе, вашиот профил на LinkedIn треба да биде фокусиран кон вашата целна публика. Треба да се фокусира на она што можете да го направите за клиентите или работодавците, проблемите кои ги решавате за вашата специфична целна публика преку услугите и производите што ги нудите итн. Иако никогаш не доживеа да го види LinkedIn (па дури и интернетот), Дејл Карнеги знаеше што зборува кога ги напиша овие зборови во неговиот бестселер од 1936 година, “Како да се победат пријателите и да се влијае на луѓето”: “Зошто да зборуваме за она што сакаме? Тоа е детинесто, апсурдно. Се разбира, дека сте заинтересирани за она што го сакате и дека сте целосно посветени за тоа, но никој друг не е. Сите други сме исти како тебе: заинтересирани сме за она што ние го сакаме. Значи, единствениот начин на светот, да влијаете врз другите луѓе е да зборувате за она што тие го сакаат и да им покаже како да дојдат до тоа.”
Ако тоа го примените на LinkedIn, треба да направите профил кој зборува за тоа што вашите потенцијални клиенти или работодавци сакаат, а потоа им покажувате како работата со вас може да им помогне да дојдат до тоа. Во секој случај, му должите на својот личен (и професионален) онлајн бренд да имате добар LinkedIn профил, особено затоа што потенцијалните клиенти и работодавци ќе ја гледаат вашата страница, без оглед дали вас ви се допаѓа тоа или не.