Спојувањето помеѓу Публицис и Омником за кое пишувавме претходно уште во Јули минатата година кога и беше најавено, денеска доби зелено светло и од Европската комисија која го дозволи создавањето на новиот комуникациски конгломерат кој ќе биде најголем во светот и ќе обедини две од четирите најголеми светски комуникациски мрежи.
Новата групација која ќе се вика ОМНИКОМ ПУБЛИЦИС ГРУП и ќе биде вредна 35,1 милијарда долари, за свое прво седиште во Европа ја избра Холандија.
Ова спојување изминативе 30 дена е одобрено и од регулаторните тела на Канада, Турција, Јужна Африка, Јужна Кореа и Индија додека САД позитивно одговорија уште во Ноември минатата година. па сега воглавно се чека на Кина и Колумбија кои треба да го дадат својот одговор до крајот на Јануари оваа година.
Според проценките се очекува новата компанија сите административни обврски да ги заврши до крајот на првиот квартал годинава кога и официјално треба да започне со работа.