Јутјуб го посетуваат 1.8 милијарди регистрирани корисници секој месец, не сметајќи ги нерегистрираните корисници.
“За мене и за сите во Јутјуб е од исклучително значење да се развиваме одговорно”, изјави Сузан Војчицки, извршен директор на Јутјуб. – “Не постојат упатства за тоа како оваа голема платформа може да се развие, но важно е дека е на вистинската страна на историјата”.
Инаку, Јутјуб повеќе од една година се бори за да ги балансира потребите на огласувачите и нивните очекувања со слободата на креативноста. Минатата година огласувачите го бојкотираа Јутјуб, откако нивните реклами беа објавувани на навредливи видео клипови. Јутјуб реагираше агресивно со повлекување на чувствителните клипови.
Статистичките податоци покажуваат дека секоја минута се поставуваат над 400 видео-содржини на Youtube, што на компанијата и` ја отежнува селекцијата на она што може и што не може да оди на страницата, со што било неизбежно и зголемување на контролата и вработувањето на нови луѓе за прегледување на содржината.