Прилепска Пивара денеска ја промовираше својата нова реклама за брендот “Златен Даб“ која се чини продолжува по патеката во својата комерцијална комуникација да понуди поинакво и автентично искуство на приказна, продукција и порака.
Насловена како “Без етикети, без предрасуди“ рекламата во повеќе динамични сцени прикажува неколку ситуации со ликови кои од околината се перцепираат како различни и по малку “чудни“ со своето однесување и изглед….но сепак продолжуваат да чекорат и да живеат “во својот филм“.
Ако во рекламата од минатата година на “тацна“ ја имавме визуелната убавина, сега компанијата ни го доловува карактерот преку моментот.
Погледнете: