Како тренер за кариера, Џ.Т. О’Донел, основачот и директорот на Work It Daily, забележал зголемен број на лица кои бараат работа, а кои сметаат дека работодавачите ги прескокнуваат бидејќи се премногу квалификувани. Тие обично велат дека чувствуваат дека нивните години се проблем. Во реалноста, ова е она што се нарекува “experience discrimination“ (дискриминација врз основа на искуството) и што влијае врз нив.
Повеќе од половината од работната сила која ја сочинуваат милениумците, од кои сега многумина се во доцните дваесетти и почетокот на триесеттите години, имаат способности за да се натпреваруваат со оние кои имаат поголемо работно искуство. Не само што се поевтини, туку го немаат тоа долгогодишно искуство што може да се претвори во лоши навики, страв од промени и уверување дека имаат право на работно место.
Да, искуството доаѓа со перцепциите кои го отежнуваат работењето, што во основа и го предизвикува овој проблем. Пред да почнете да ги мразите милениумците за кражба на сите добри работни места, треба да знаете дека и тие наскоро ќе ја доживеат истата судбина, бидејќи глобализацијата овозможува пристап до високообразована, евтина работна сила. Како пример Џ.Т. О’Донел го наведува еден работодавач кој и ‘кажал во едно интервју: “Зошто би вработил еден доктор на науки во Америка, кога можам да ангажирам тројца за истата цена во Европа?”
Тајната за надминување на дискриминацијата врз основа на искуството за време на интервју за работа е да знаете како да пристапите и да ја надминете природната предрасуда што доаѓа со неа. Треба да сметате на ситуацијата и да претпоставите дека регрутерот е загрижен за вашата способност да:
- бидете флексибилни
- ги почитувате авторитетите
- учите нови работи
- се поврзувате на лично ниво со сите генерации
- ја гледате потребата за подобрување на вештините за да останете релевантни на пазарот
Решението е да знаете како да одговорите на бихевиоралните прашања на начин што ќе го принудат регрутерот да ве гледа поинаку. На вас е да ја отстраните пристрасноста во главите на регритерите за време на интервјуто. Споделување приказна која го пренесува начинот на кој се однесувате спрема горенаведените правила, испраќа порака дека немате товар на рамената и дека можете да придонесете во тимот.
Да речеме дека регрутерот гледа дека на последното работно место сте заработувале 20 проценти повеќе отколку што тој би платил. Тој вели: “Вие сте преквалификувани и вие ќе ја напуштите оваа работа штом ќе бидете во можност да заработите повеќе пари“. Неговиот страв е дека вие чувствувате дека вредите повеќе отколку што тој плаќа. Таквиот работодавач најпрво мора да слушне дека парите не се вашиот главен двигател и дека нема да се однесувате како да сте над него, бидејќи претходно сте биле платени повеќе.
Еден добар одговор може да биде: “Разбирам што сакате да кажете, но две работи ми се поважни од платата. Прво, оваа компанија има неверојатна репутација дека е напредна и не сакам моите вештини да станат застарени. Сметам дека, без оглед на помалата плата, инвестирам во себе преку работа на место каде што моите вештини сигурно можат да растат и да се подобрат. Плус, можам да заштедам, бидејќи нема да плаќам дополнителни часови или обука надвор од моето нормално работно време, а сакам и да учам од другите луѓе, особено оние кои се развиле со сосема различни искуства, алатки и ресурси. Сакам да бидам во компанија која има свеж и брз пристап кон растот. Денес тоа значи добивање на работа каде што мојот менаџер и колеги се веројатно помлади од мене. Треба да научам како да останам агилен во мојата кариера“. Ако во интервјуто зборувате од перспектива која се однесува на неизговорените прашања на работодавецот, тоа е тајната како да дојдете до нивната доверба и се надеваме, работа.
За секој кој ја прочитал оваа статија и си помислил: “Не е фер, ја поминав целата моја кариера во градење на моите вештини, зошто не можат да видат колку е вредно моето долгогодишно искуство? Тие не знаат што добиваат”, правилата за понуда и побарувачка на пазарот не прават никакви исклучоци. Кога се зголемува количината, цените паѓаат и се зголемува конкуренцијата. Ако сакате работа, треба да доставите одредена цена и вредност. Она што работодавците го ценат и вреднуваат е некој кој ја исполнува нивната дефиниција за лесно одржување и преголеми очекувања. На вас е да ја сервирате таа порака во вашето интервју или ќе ја изгубите работата од некој помалку искусен и веројатно помлад.