Google одлучи да го затвори своето досегашно одделение за истражување Google Research со цел да отвори потполно ново под името Google AI.
Новиот Google AI ги обединува на едно место вештачката интелигенција со сите претходни истражувачки проекти на Google Research. Со оглед на новиот назив на одделението, може да се заклучи дека Google АI во иднина ќе се фокусира примарно на истражувањата поврзани со вештачката интелигенција.
Меѓу споменатите проекти се оние базирани на компјутерска визија, здравствени проекти и AutoML машинско учење. Како дел од оваа промена во името, Google исто така ги промени и имињата на страницата и блоговите на Google Research, што ги вклучува и профилите на социјалните мрежи.
Ова е сето она што е засега познато за новиот оддел Google AI, додека повеќе факти би можело да бидат познати после овогодинешната конференција Google I/O.