“Гемиус“, полската компанија за статистичка анализа на веб портали, која во Македонија е присутна преку филијала на бугарскиот партнер „Гемиус Бугарија” ЕООД, најави дека од 01.01.2014 год. почнува да ги наплаќа своите услуги и за македонските портали.
Македонските веб сајтови кои ќе сакаат да учествуваат во мерењата и истражувањата на “Гемиус” беа известени дека во иднина ќе мора да одвојат дел од својот буџет доколку и понатаму сакаат да го задржат кодот од Гемиус со кој добиваат анализа на нивните читатели преку услугите gemiusTraffic и gemiusAudience.
Според предлог договорот испратен од Гемиус, понуден е следниов ценовник:
Од Гемиус, исто така, најавуваат дека македонските веб сајтови првите 6 месеци ќе користат попуст од 75%, следните 6 месеци 50%, потоа 25% и дури во средината на 2015 година ќе почнат да ја наплаќаат целата сума.
Гемиус е втората компанија која се обидува да се наметне на интернет пазарот како независно тело за испорачување на релевантни истражувања и метрики во однос на публиката која ги посетува македонските портали, откако Нилсен претходно имаше сличен проект од кој после неколку месеци беше отстапено.
Факт е дека независно на тоа што Гемиус успеа да воспостави соработка со многу водечки интернет портали, имаше и такви медиуми кои одбија да бидат мерени од Гемиус а нивното оправдување беше дека сеуште незаменлив report за интернет публиката е оној на Google (Google analytics) – кој воедно сеуште е и најбаран извештај од медиа планерите во маркетинг агенциите.
Маркетинг365 побара мислење од повеќе сопственици на портали во Македонија, дали ќе продолжат да соработуваат со Гемиус и нивните одговори беа поделени.
Оние што не планираат да потпишат договор со Гемиус сметаат дека овој дополнителен трошок за нив е непотребен и дека маркетинг агенциите се всушност оние кои единствено треба да платат за да добијат извештај за публиката на интернет медиумите, а оние кои ќе продолжат да соработуваат со Гемиус, воглавно се надеваат дека соработката ќе им донесе подобра промоција на нивниот медиум и можност за повеќе кампањи.
Какво е Вашето мислење на оваа тема?