Популарната апликација Snapchat, како дел од својата нова кампања за огласување во САД воведе видео реклами во траење од шест секунди кои не може да се прескокнат
Популарната апликација Snapchat во понеделникот започна со нова пракса на огласување. Сега корисниците на апликацијата при нејзината употреба мора да гледаат и рекламна содржина во траење од шест секунди.
Таквите содржини во моментов се појавуваат за време на проекциите на видео содржините од серијата Shows, кои ги нудат медиумските партнери на Snapchat во САД, како што се NBC и Дизни и не може да се прескокнат. Меѓу на рекламните содржини кои се нудат засега се најавите на филмови, како што Deadpool 2 и Adrift, како и реклами за производи, како што се Samsung Galaxy S9 и Snapple.
Новите видео реклами се дел од новата кампања за огласување на Snapchat, која е најавена во април, а претставува отстапување од досегашната пракса на рекламирање кое можеше да се прескокне (огласувачите беа незадоволни од досегашниот формат во кој корисниците ги прескокнувале рекламите во просек после две секунди).
Според најновите податоци, во првиот квартал од оваа година во просек Snapchat секој ден имаше околу 191 милиони корисници.