Актерката Типи Хедрен во рекламата за накит и часовници на Гучи, игра величенствена гатачка
Легендарната актерка Типи Хедрен, која денес има 88 години, позната е по нејзините улоги во филмовите на Хичкок , “Птици“ (1963) и “Марни“ (1964), а сега имаме можност повторно да ја гледаме во живописните реклами на модната куќа Гучи.
Имено, Хедрен ја игра улогата на велиленствена гатачка во новата кампања за накит и часовници на Гучи. Таа, со своите богато украсени раце, гледа во нејзината кристална топка во затемнета и луксузна куќа, читајќи ја иднината на своите млади клиенти.
Хедрен не е единствената во нејзината фамилија која учествувала во рекламите на Гучи. Нејзината позната внука, Дакота Џонсон, исто така беше заштитно лице на Гучи во рекламата за Gucci Bloom.
Со ова нејзино појавување само се продолжува трендот на ангажирање возрасни лица во модните кампањи. Ванеса Редгрејв (81) исто така беше дел од кампања на Гучи (тогаш имаше 79 години), додека Лорен Хатон во 73. година се појави во кампања на Калвин Клајн за долна облека.