Агенцијата за производителот на автомобили смисли нов начин за поврзување на својата целна група со нивните семејства
Познатиот автомобилски бренд Цитроен и компанијата за опрема за сурфање Rip Curl се здружија со цел промовирање на новиот посебен модел Citroën Spacetourer Rip Curl, а за неговата промоција, побараа помош на Агенцијата BETC Traction.
Во желбата да создаде нови форми на комуникација за Цитроен, агенцијата осмисли бренд содржина која се издвојува од вообичаената и има за цел директно да ја поврзе нивната целна заедница – сурферите со нивните семејства. Имено, професионалните сурфери често не се дома, патувајќи низ светот во потрага по совршени бранови.
Важен ритуал за сурферите е покривање со воскок на нивните даски пред да започнат со сурфањето, што на агенцијата и` даде идеја да им помогне на сурферите да понесат со себе во брановите и потсетник на своите семејства. Направија специјални восочни боици, така што децата на сурферите ќе можат да ги нацртаат своите пораки на даските на родителите, правејќи ги овие даски навистина уникатни.
За овој проект се направени три табли со цртежите на синот на познатиот француски про сурфер Винсент Дувигнац, со специјални боици од природни состојки и нетоксични пигменти. Тие се специјално дизајнирани за оваа кампања, но во иднина ќе бидат за масовно производство.
Подоцна овој месец, во неколку европски земји, ќе започне конкурс во рамките на кој децата ќе цртаат на виртуелни даски за сурфање на Фејсбук страницата на Цитроен. Победниците ќе освојат уникатни Rip Curl даски, со нивните цртежи и пакет со специјални восочни креди.