Кока Кола во Јапонија го започна лансирањето на својот нов и прв алкохолен производ со вкус на лимон, обидувајќи се да го искористи потенцијалот на новите пазари и новите потрошувачи.
Овој производ има за цел да ги освои пред сè младите кои сакаат да пијат, а особено жените нарекувајќи го овој производ единствен во својата историја долга 125 годишна историја.
На овој начин компанијата сака да профитира од зголемената популарност на „чу-хи“ – газиран ароматизиран пијалок, измешан со локалниот алкохол „шочу“. Овој производ содржи околу 3% до 8% алкохол, а тоа го прави многу популарен кај младите потрошувачи, кои го користат како замена за пиво и освежителни пијалоци.
Како што сме навикнати, Кока Кола и овој рецепт внимателно го чува, а пијалокот е прилагоден за љубителите на алкохолни пијалоци на јапонскиот пазар и претставува еден вид алтернатива на пиво, поради што токму жените се во фокусот како главни потрошувачи.
Компанијата соопштила дека немаат намера да го продаваат новиот пијалак на пазарите надвор од Јапонија.