Светскиот фонд за истражување на ракот заедно со познатиот фотограф и режисер Џон Ранкин Вадел создадоа серија на фотографии и кратки филмови за кампањата, која претставува нов краток пет минутен “тест” за рак, Cancer Health Check, а со цел да се подигне свеста на луѓето дека исхраната и ризикот од рак и тоа како, се поврзани.
Резултатот е една одвратно импресивна серија на визуели. Кампања која ја потпишува агенцијата Артур Лондон, го имитира стилот на фотографии од светот на високата мода, на почетокот посуптилни, а потоа се` поагресивни, комбинирајќи ги со храна и пијалоци на невообичаено екстремен начин. На крајот, пораката на кампањата, несомнено не` изненадува, прашувајќи, “Дали се правите себе си привлечни за ракот?”, а целта на кампањата е да се разбие митот дека ризиците од рак се неизбежни, a всушност се директно поврзани со начинот на кој живееме и она што го консумираме.
Ник Вилис, партнер во агенцијата Артур Лондон, ја коментираше кампањата: “Нашата идеја требаше да ги предизвика вкоренетите заблуди дека “ракот ве граби“, а не дека вие можете “да го предизвикате “. Многу сме горди на нашата работа и сме среќни што Ранкин одлучи да го фотографира ова за нас. Не само што ја сфати креативната идеја, туку навистина веруваше во пораката зад неа – ако не ги следите препораките, можеби флертувате со болеста”.
Ранкин, исто така, ја опиша кампањата: “Во последниве години, луѓето се многу повеќе свесни за својот начин на исхрана и живот, вклучувајќи ме и мене. Сепак, постои голем дел, кои не се свесни за ризикот од навиките во исхраната. Одлучив да учествувам во кампањата, бидејќи е важно да се пронајде начин да им се каже на луѓето дека она што го консумираат влијае на ризикот од рак и да се направи тоа на начин кој привлекува внимание и повикува на размислување. Кампањата на Светскиот фонд за истражување на ракот во Велика Британија (UKRC) која промовира здрав начин на живот за да се спречи ракот е од многу витално значење и исклучително релевантна во денешно време.”