Поранешниот извршен директор на WPP го потврди своето враќање и тоа на чело на новоформираната компанија S4 Capital
Само шест недели по ненадејното заминување од позицијата извршен директор на холдинг групацијата WPP Group, која ја изгради од темел, Сер Мартин Сорел се враќа во светот на огласувањето на чело со инвестициската компанија Derriston Capital. Сорел ќе стане извршен директор на компанијата Derriston Capital, која ќе ја преземе новоформираната компанија S4 Capital.
Брендот S4 Capital ќе го замени Derriston, а самиот Сорел учествува во спојувањето со 40 милиони фунти сопствени пари. Според наводите во медиумите, тоа нема да биде само спојување, бидејќи веќе постојат шпекулации дека новоформираната група, на чие чело ќе биде Сорел, ќе работи на своето проширување преку нови аквизации.
Сорел по овој повод изјави: “S4 Capital е компанија која има за цел да се изгради мултинационален комуникациски бизнис фокусиран на раст, а значителни можности за раст има во областа на технологијата, податоците и содржините. Со нетрпение очекувам да го направаме тоа. “
Сорел после ова спојување ќе поседува 75% од Derriston / S4 Capital, а една од шпекулациите во врска идните аквизиции ја вклучува и компанијата Kantar, агенција за истражување на пазарот во сопственост на WPP, наведува францускиот весник Les Echos.