Фејсбук тестира нова алатка која во иднина може да ги поврзе огласувачите со креаторите на содржини, што во голема мера ќе олесни барем дел од маркетинг работењето
Имено, претражувачот Branded Content Matching е дизајниран така што им овозможува на маркетинг експертите да се изберат инфлуенсери, врз основа на карактеристиките на оние кои ги следат, односно им е овозможен и увид во статистичките податоци за публиката на одреден инфлуенсер. Оваа социјална мрежа, на тој начин, ќе се фокусира на креаторите на содржини, односно на брендовите, а инфлуенсерите ќе можат да изберат дали сакаат да пополнат тест, односно портфолио и да обезбедат информации за бројот на следбеници, метрикака и примероци на брендирана содржина.
Маркетинг екпертите ќе можат да пребаруваат инфлуенсери врз основа на специјалните демографски податоци, со цел да ги таргетираат потрошувачите врз основа на неколку параметри, вклучувајќи локација, интереси, пол, степен на образование и други. Врз основа на тоа, пребарувачот ќе обезбеди листа на инфлуенсери, која ќе покаже колку публикатана некој инфлуенсер се совпаѓа со брендот што се рекламира.
Значи Фејсбук планира брзо да го прошири маркетинг просторот кој е наменет за инфлуенсерите, а маркетинг експертите продолжуваат да инвестираат во инфлуенсер маркетинг, односно планираат да го прошират буџетот до крајот на 2018 година. Инфлуенсер содржината, дури и кога е спонзорирана, на корисниците им изгледа како нешто што е поавтентично од традиционалните реклами, што им помага на брендовите да постигнат подобар однос со клиентите.