Градењето и одржувањето на вашата листа можете да го вршите рачно. На почетокот тоа изгледа лесно, но како што ќе се зголемува бројот на членови, така оваа обврска станува сложена и полна со грешки. Екстремно е истоштувачки и кога електронскиот весник периодично се испраќа до огромен број на читатели. Со зголемување на бројот на членовите на листата оваа задача станува огромно оптоварување.
Еве уште неколку технички чекори кои би можеле да ги превземете за максимално да ги искористите придобивките кои ги нуди email маркетингот.
Користење готов сервис за email маркетинг
Користење сервис кој нуди и одржување база на членови на листата. За да се максимизираат предностите кои може да ги имате од сегментацијата, потребно е да имате јасен процес за тоа како можете да го изведете и како можете да ги искористите информациите кои ги добивате од вашите контакти. На овој начин ќе можете да ги организирате вашите контакти соодветно и да им испраќате весник со содржини кои се адекватни на нивните потреби. Потребно е многу време и труд за да се изврши одредена сегментација на членовите на листата. Затоа е потребно ова да се предвиди на самиот почеток.
Автоматизирано ажурирање статус на членовите на листата
Ова е особено напорно поради фактот дека треба да се води евиденција за статусот на секој од членовите, особено доколку листата расте секојдневно. Автоматизирањето ќе ви помогне во ваков проблем. Тоа не само што ќе ви заштеди време и труд, туку и ќе ви помогне во избегнување грешки и водење ажурна евиденција за статусот на членовите.
Автоматизирано време и датум на испраќање
Оваа опција Ви стои на располагање во склоп на скоро сите сервиси. Ви нуди можност да ажурирањето на содржините во електронскиот весник го завршите неколку дена или неколку седмици порано од денот на испраќање на електронскиот весник. Со ова пред членовите на листата ќе ја покажете вашата професионалност во она што го работите.
Сегментација на членови
Одредени интернет сервиси нудат можност за сегментација на членовите при самото зачленување на листата. Оваа сегментација може да се врши според пол, националност, возраст, според еден или повеќе наведени критериуми. Имате можност да изберете според кој критериуми ќе се врши сегментацијата и за неа треба да се одлучите пред започнување до листата.
Подоцна оваа сегментација можете да ја искористите за испраќање на информации само до одреден дел од членовите на листата, во зависност од критериумот за сегментација кој го сметате за релевантен.
Користење на готови обрасци за електронски весник
Изработката на дизајнот на електронскиот весник треба да се остави на професионалци. Доколку и се одлучите да ангажирате професионално лице, тоа може да ве чини многу затоа што секоја промена во дизајнот ќе бара интервенција од негова страна, а и дистрибуцијата на електронскиот весник ќе треба да ја вршите мануелно или ќе треба да доплатите за да изработениот дизајн го вметнете во некој од постоечките сервиси.
За таа цел постоечките интернет сервиси за email маркетинг нудат можност за избор на некој од претходно изработените готови обрасци за електронски весник. Оваа опција најчесто е вградена во цената за користење на сервисот и за неа не е потребно дополнително плаќање.