Сопствениците на миленичиња кои им отвориле профили на социјалните мрежи, можат да заработат добри пари преку рекламирање на разни производи заедно со нивните кучиња, мачки, ежиња, мајмуни, па дури и свињи.
Многумина веруваат дека инфлуенсерите имаат работа од соништата – го прават она што го сакааат и за тоа некој добро ги плаќа, па со само една објава на Инстаграм, можат да заработат една просечна месечна или дури и годишна плата. Во последно време, како инфлуенсери, се повеќе се популарни домашните миленици, кои исто така, им носат големи пари на нивните сопственици.
Како што во интервју за CNBC, изјави Лони Едвардс, која е основач на агенција за инфлуенсери домашни миленичиња, луѓето сакаат животни и тие ги прават среќни, поради што домашните миленици се исклучително интересни за огласувачите, бидејќи шират позитивни пораки, кои потоа може да се поврзат со нивниот бренд. “Ако имате голем број пријатели, можете да заработите големи пари”, додава Едвардс, за можностите за заработка на домашните миленици на социјалните мрежи.
Иако, се разбира, цифрите кои ги заработуваат домашните миленици со најголем број на следбеници не може да се споредуваат со на пр. Кардашијан и другите популарни инфлуенсери на интернет, со само една спонзорирана објава, може да се заработи дури околу 15.000 долари.
На оваа идеја Лони Едвардс дојде откако таа доби куче и почна да ги објавува неговите фотографии на Инстаграм, со цел да ги сподели со семејството и пријателите, па била изненадена кога видела дека бројот на следбеници секојдневно расте. За кратко време профилот што го отворила привлекол неочекувано голем број луѓе, па следеле повици од брендови поврзани со производи наменети за животни.
Тогаш и` станало јасно за можноста што се крие на овој, тогаш сеуште неистражен пазар, па отвори агенција за домашните миленичиња како инфлуенсери. Така нејзините најпознати “клиенти”, се два мајмуни кои на Инстаграм ги следат речиси еден милион луѓе (@realdiddykong), прасето Хамлет со повеќе од 330.000 следбеници (@hamlet_the_piggy), еден опосум кој “сака авантури” (@itsmesesame) со повеќе од 60.000 следбеници , две симпатични ежиња (@lionelthehog), кои ги следат околу 130.000 луѓе, додека Кучето Крусо на Фејсбук има повеќе од 2,5 милиони лајкови.
Напоменува дека животните не се интересни само за компаниите кои продаваат храна и производи за домашни миленици, туку за огласување ги користат и компаниите од различни индустрии и дека во споредба со луѓето, животните како инфлуенсери се поефикасни за огласувачите.
На овој нанин, за некои сопственици на домашни миленичиња, водењето на нивните профили на социјалните мрежи стана работа со која, во некои случаи, можат да заработат многу пари, така што на оние со најголем број на следбеници, “вистинска” работа дури и не им е потребна, бидејќи тие можат на месечно ниво да заработат илјадници, а понекогаш и десетици илјади долари на своите миленици.
извор: CNBC