Дигиталниот гигант влезе во бизносот со принт, но со силни корени во дигиталната сфера
Дигиталниот гигант и најголемата социјална мрежа во светот, Фејсбук, се одлучи на интересен и неочекуван чекор и започна печатен магазин наречен „Grow“, кој ќе излегува квартално.
Со оглед на дигиталните корени на оваа социјална платформа и нивниот масивен модел на онлајн рекламирање, ова претставува интересен потег, но работите стануваат појасни кога ќе дознаеме дека списанието е насочено кон бизнис лидери и менаџери, односно дека е дел од “повеќе-платформска стратегија на содржини”, кој вклучува серија настани што ги покриваат Велика Британија, Франција, Италија, Германија и Шведска оваа година, а тоа само на покана.
Сите содржини на Grow ќе бидат достапни онлајн, на неговата Фејсбук страница и блог. Оваа социјална мрежа вели дека се подготвува и “нов дигиталниот дом” за Grow, а покрај тоа, за дистрибуција на неговата содржина Фејсбук ќе ги користи и дигиталните платформи како Instagram и LinkedIn.
Според најавите од Фејсбук, принт верзијата на магазинот Grow ќе биде достапна во “избрани бизнис салони на аеродромите и железничките станици” за деловните луѓе кои многу патуваат.
“Знаеме дека бизнис лидерите имаат ограничено време и не можат да читаат долги статии на работа. Така, ние создадовме физичка верзија наменета за патување “, напишаа од Фејсбук во нивниот блог пост за магазинот Grow.