MediaCom излезе како победник од питчот на кој Адидас бараше нова агенција за својот глобален акаунт за медиа закуп, вреден околу 300 милиони долари. Претходно на повеќето пазари, акаунтот го управуваше агенцијата Carat од мрежата Dentsu Aegis, со која Адидас соработуваше речиси две децении, додека на Блискиот Исток, медискиот закуп на Адидас го водеше агенцијата Starcom од Publicis Media.
Портпаролот на Адидас го потврди назначувањето на MediaCom, велејќи дека компанијата сака “вистински тим партнер” кој ќе работи со нив, опседнат со потрошувачите, дигитално фокусиран и кој секогаш ќе создава новости.”
Адидас претходно најави дека ќе се фокусира на шест глобални мега-градови: Лондон, Лос Анџелес, Њујорк, Париз, Шангај и Токио.
“Со новото партнерство се радуваме на новите иновативни достигнувања и поврзувањето со нашите потрошувачи во водечките градови, чие влијание врз глобалната култура е клуч за отклучување на потребата и побарувачката”, велат од Адидас во најавата на новото партнерство со MediaComom, заблагодарувајќи им се на Carat за партнерството во последните 19 години.
Одлуката Адидас доаѓа за време на ФИФА Светското првенство 2018 година, кој е клучен настан за овај германски спортски бренд, кој е официјален спонзор на шампионатот веќе 20 години и спонзорира голем број на тимови на натпреварот.